Алмерија не ја издржа „кралската“ инвазија

Алмерија не ја издржа „кралската“ инвазија

пред 2 години

Европскиот првак и актуелен шпански шампион Реал Мадрид со пресврт славеше триумф од 1:2 на гости кај новиот член на Ла Лига, тимот на Алмерија. Тренерот Анчелоти им даде одмор на дел од фудбалерите, но Алмерија поведе брзо, во шестата минута преку Ларги Рамазани.

Реал Мадрид тргна во офанзива, се редеа шанси на Бензема, Винисиус Жуниор, Валверде, но голманот на домашните беше одличен.

Во второто полувреме Анчелоти го уфрли Модриќ, потоа и Азар, Алаба, Кашемиро, и Алмерија не можеше да го издржи притисокот.

Лукас Васкез израмни во 61.минута, а Давид Алаба во својот прв допир со топката, од слободен удар постигна прекрасен гол во 75.минута. На крајот, Реал Мадрид ја оствари целта и стигна до три бода.

Share
Scroll to Top