Алонсо го возеше болидот на Рено

Алонсо го возеше болидот на Рено

пред 4 години

Шпанскиот возач Фернандо Алонсо го возел болидот на Рено за време на промотовно снимање на патеката во Барселона. Алонсо од наредната сезона по две годишна пауза повторно ќе вози во Формула 1. Тој ќе вози за Рено, односно Алпин како што ќе биде името на овој француски тим.

Фернандо Алонсо го возел болидот Р.С.20. Ова возило оваа сезона го возат Даниел Рикардо и Естебан Окоун.

Двократниот светски првск (2005, 2006), за снимањето на промотивниот спот можел да вози само 100 километри.

Последен пат Алонсо возел Ф1 болид на трката во Абу Даби во 2018 година. Шпанецот има 32 победи во кариерата во Ф1.

Во меѓу време два пати возел на трката 24 часа Ле Ман и на светскиот шампионат во издржливост. Оваа година возеше и на релито Дакар и го освои 13 место.

 

Share
Scroll to Top