Двократниот светски шампион, Фернандо Алонсо верува дека Макс Ферстапен е најдобриот возач во Формула 1 денеска бидејќи неговиот тим Ред бул рејсинг е изграден околу Холанѓанецот и затоа ќе биде многу тешко да биде победен.
Алонсо знае колку е тешко да се победи Ред бул граде околу возач, откако не успеа да го победи Себастијан Фетел, кој освои четири титули во низа за „бикот“.
„Чекорите кои беа направени рано во кариерата дозволија тој да стартува на високо ниво, иако тогаш предизвикуваше судири и природно беше поагресивен. Сега има степен на зрелост во комбинација со природната брзина и ќе биде многу тешко да го победат. Макс во моментов е најдобриот возач во Формула 1 и во моментов единствен возач кој не би сакал да го имам како директна конкуренција“, вели Алонсо.