Англиското дерби за пласман во ЛШ и припадна на…Црвена звезда

Англиското дерби за пласман во ЛШ и припадна на…Црвена звезда

пред 3 години

Англиското дерби за пласман во Лигата на шампионите му припадна на Челси и на Црвена звезда.

Челси, синоќа, го победи Лестер со 2:1 и се проби на третото место на табелата. Лестер сега се четврти, а Ливерпул петти со натпревар помалку. Се чини дека Челси си обезбедија место во Лигата на шампионите преку Премиер лигата, на што се радуваа и во Белград.

Од пласманот на Челси оваа сезона зависи откаде Црвена звезда ќе ги започне квалификациите за пласман во Лигата на шампионите.

„Навиваме Челси да бидат меѓу првите четири во Премиер лигата, ако тоа не ни успее тогаш ќе навиваме Манчестер сити да ја освојат Лигата на шампиони“, рекол вчера тренерот на Црвена звезда, Дејан Станковиќ по потпишувањето на новиот договор со клубот.

Доколку Манчестер сити ја освои Лигата на шампионите или Челси завршат меѓу првите четири тимови во Англија, тогаш Црвена звезда во квалификациите ќе влезе од второто коло.

Доколку пак Челси ја освои Лигата на шампионите, а во првенството го освои петтото место, тогаш Црвена звезда ќе ги започне квалификациите во првото коло.

Share
Scroll to Top