Навивачите на Манчестер сити и Челси нема да можат да патуваат во Истанбул, каде на 29.мај ќе се одигра финалето во Лигата на шампиони, објави Владата на Велика Британија.
Турција се наоѓа на црвената листа, поради порастот на бројот на заразени со коронавирусот.
Планот на УЕФА беше клубовите да добијат по 4.000 влезници, а 2.000 влезници да им бидат поделени на неутралните навивачи. Со одлуката на Владата на Велика Британија, овој план пропадна.
Ова само уште повеќе ќе ги засили притисоците кон УЕФА, кои доаѓат од Англија, финалето да се одигра во оваа земја.
Астон Вила веќе се понуди да биде домаќин на финалето, но многу пореална е опцијата завршниот меч во Лигата на шампиони да биде одигран на најголемиот англиски стадион „Вембли“.