Англија е финалист на ЕУРО2020 – Данска немаше сили за нова сензација

Англија е финалист на ЕУРО2020 – Данска немаше сили за нова сензација

пред 3 години

Фудбалската репрезентација на Англија е вториот финалист на Европското фудбалско првенство. Избраниците на Герет Саутгејт вечерва по продолженија од двапати по 15 минути ја совладаа селекцијата на Данска со 2-1, по еден пенал за кој сигурно ќе има многу полемики. Сепак, изборено е прво англиско европско финале.

Данците беа првата селекција што на овој шампионат го совлада англискиот голман Пикфорд. И тоа голчиште од слободен удар во 30 минути. Дамсгард ја носи својата селекција во водство од 1-0.

Дефанзивците на селекторот Хјумланд веднаш потоа беа на „испит“. Англичаните направија силен притисок кој резултираше со израмнување 1-1 во 39 минута. Автогол на стоперот Кјаер кој доколку не ја зафатеше топката во петерецот на Шмајхел, Стерлинг со сигурност ќе реализираше.

Во второто полувреме Англија беше таа која го диктираше темпото. Иако поседот на топката не беше во голем процент на нивна страна, сепак доминираа во ударите кон противничкиот гол.

По 90 минути немаше победник, па мечот отиде во продолженија.

Се играше 104 минута кога Стерлинг направи продор од десната страна. Јоаким Маеле имаше минимален контакт со напаѓачот, доволно за судијата Макели да покаже на белата точка. Хари Кејн го шутираше пеналот, Шмајхел одбрани, но одбиената топка ја смести во небранетиот дел од мрежата.

Во второто продолжение Данците тргнаа на се или ништо, но се чини немаа свежина за нов подвиг.

Финалето на ЕП Англија против Италија се игра во недела во 21 часот.

Share
Scroll to Top