Андре Драмонд се откажува од 29 милиони долари само да дојде во Лејкерси!

Андре Драмонд се откажува од 29 милиони долари само да дојде во Лејкерси!

пред 4 години

ЛА Лејкерс се во тешка позиција по повредите на Ентони Дејвис и Леброн Џејмс, па управата на НБА клубот сака да ги искористи последните часови од преодниот рок за да доведат засилување.

По веста дека „веѓата“ и „кралот“ ќе се надвор од паркетот на неодредено, расте стравот кај навивачите. Затоа мета на клубот е Андре Драмонд.

„ЕСПН“ информира дека Драмонд синоќа допатувал во Лос Анџелес, па го чека раскинувањето на неговиот договор со Кливленд за да може да потпише со „Езерџиите“.

Според најавите, тој би ја жртвувал својата плата само да потпише со шампионот, пред се поради тоа што му е ветено место стартен центар.

Сето ова делува неверојатно затоа што Драмонд во Кливленд имаше загарантиран договор до крајот на сезоната вреден 28.751.774 долари. Сепак, со Кливленд нема да може да се бори за шампионскиот прстен, што е многу веројатно со Лејкерс.

На досегашните 25 меча, Драмонд со Кавси има просек од 17,5 поени, 13,5 скока и 2,6 асистенции.

Share
Scroll to Top