Андре Силва: Ако ме сакаат, вредам околу 105 милиони

Андре Силва: Ако ме сакаат, вредам околу 105 милиони

пред 4 години

Напаѓачот на Ајнтрахт Франкфурт, Андре Силва вели дека ги слушнал „шпекулациите“ за трансфер во Манчестер јунајтед и Атлетико Мадрид, и Португалецот сам си ја постави цената на 105 милиони евра.

25-годишниот Силва пристигна во Бундеслигата од Милан за само 9 милиони евра, откако за „росонерите“ постигна 10 гола во 41 настап, пред да ја врати репутацијата со Ајнтрахт, со 20 гола во 23 меча оваа сезона, заедно со 16-те гола во 2019/20.

„Слушнав шпекулации, но тоа е тоа. Шпекулации се само шпекулации. Тоа ми дава поголема мотивација да работам и е знак дека добро ми оди. Цена? Околу 105 милиони евра! Се шегувам. Мислам дека се зборуваше за 30 милиони, но секогаш треба да се оди на повисоката цена“, вели Силва.

Share
Scroll to Top