Поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Немања Видиќ, во анктетата на „Скај Спорт“, бил избран за најдобар дефанзивец во историјата на премиер лигата.
Во анкетата гласале повеќе од 200.000 луѓе, а Видиќ на крајот завршил пред поранешниот партнер од одбраната на „црвените ѓаволи“, Рио Фердинанд и актуелниот фудбалер на Ливерпул, Вирџил Ван Дајк.
Поранешниот репрезентативец на Србија, дресот на Јунајтед го носел во периодот од 2005 до 2014 година.
Видиќ со „црвените ѓаволи“, освоил по пет титули во Премиер лигата и Суперкупот на Англија, три во Лига купот, а по еднаш им се радувал и на трoфеите во Лигата на шампионите и Светското клупско првенство.
Со Манчестер Јунајтед одиграл уште две финалиња во Лигата на шампионите и во двете клубот од „Олд Трафорд“ бил поразен од Барселона.