Милан ги отвораат преговорите со Донарума

Милан ги отвораат преговорите со Донарума

пред 3 години

Во фудбалскиот клуб Милан, се подоготвени да ги започнат преговорите, околу новиот договор на голамнот Џиџи Донарума.

Договорот на Донарума истекува по завршувањето на оваа сезона. Клубот е подготвен да му понуди поголема плата на Донарума. Почетната понуда на Милан ќе биде 6.000.000 евра годишна плата, но како што објави новинарот Џанлука Ди Марцио, во клубот биле подготвени да понудат онолку колку што е птребно само да го задржат голманот.

Прашање е само колкава ќе биде таа сума бидејќи менаџер на голманот е котроверзниот Мино Рајола. Некои медиуми во Италија тврдат дека Рајола ќе бара во договорот една посебна клаузула, според која Донарума, за одредена цена, би можел да замине доколку клубот не избори пласман во Лигата на шампионите.

Преговорите помеѓу двете страни ќе започнат наредната недела.

Share
Scroll to Top