Сити се безмилосни – седум „парчиња“ за Лидс за +4 на врвот на табелата

Сити се безмилосни – седум „парчиња“ за Лидс за +4 на врвот на табелата

пред 2 години

Ривалите во Премиерлигата треба да се исплашени од формата на Манчестер сити на Пеп Гвардиола, откако актуелните англиски шампиони го декласираа Лидс јунајтед со неверојатни 7:0 во страшна демонстрација на надмоќност во 17. коло во Премиерлигата.

Дека „црно им се пишува“ на Лидс на „Етихад“ стана јасно на почетокот – Фил Фоден во 8. минута го постигна првиот гол, за само пет минути подоцна Џек Грилиш да зголеми на 2:0.  Кевин де Брујне во 32. минута постигна убав гол за 3:0, но „машината“ на Пеп не запре во второто полувреме – Ријад Марез во 49. минута, Де Брујне со вториот гол во 62. минута, Џон Стоунс во 74. минута и Нејтан Аке во 78. минута му го загорчија гостувањето на Марсело Биелса.

Сити сега имаат 41 поени на врвот на табелата, четири пред Ливерпул, кои во четврток го пречекуваат Њукасл, додека Лидс се само 16. со 16 освоени поени, шест над зоната за испаѓање.

ПРЕМИЕРЛИГА, 17.КОЛО

Манчестер сити – Лидс 7:0

Норич – Астон вила 0:2

Standings provided by SofaScore LiveScore

Share
Scroll to Top