Анонимен Парагваец го засили Манчестер јунајтед

Анонимен Парагваец го засили Манчестер јунајтед

пред 4 часа

Диего Леон е нов играч на Манчестер јунајтед, објави англискиот клуб.

Станува збор за 18-годишен фудбалер кој пристигна во Манчестер јунајтед од тимот на Серо Портењо.

Финансиските детали и времетраењето на договорот не се откриени, но британските медиуми објавуваат дека клубот од „Олд Трафорд“ издвоил околу седум милиони фунти за овој трансфер.

Леон одигра 33 натпревари за сениорскиот тим на Сера Портењо и постигна четири гола. Тој е член на младинската репрезентација на Парагвај, а игра на позицијата лев бек.

Foto/ Manchester united

Share
Scroll to Top