Кој вели дека Мбапе не го сака Меси?

Кој вели дека Мбапе не го сака Меси?

пред 3 години

Како да сакаше да ги демантира шпекулациите дека е незадоволен по пристигнувањето на Лионел Меси во Пари Сен-Жермен, француската суперѕвезда Килијан Мбапе на социјалните мрежи објави фотографии од првата средба со својот иден соиграч.

„Добредојде во Париз, Лео“, напиша Мбапе, кој треба да биде дел од неверојатното трио во нападот на ПСЖ покрај Меси и Нејмар.

Дел од француските медиуми објавија дека Мбапе е апсолутно незадоволен од доаѓањето на Аргентинецот во Париз и дека ќе се обиде да примора да си оди уште ова лето, иако има уште една сезона од договорот со ПСЖ.

Share
Scroll to Top