Ансу Фати ќе паузира најмалку еден месец

Ансу Фати ќе паузира најмалку еден месец

пред 3 години

Барселона го победи Бетис со 5:2, но остана без Ансу Фати. Клубот дополнително ќе објави колкава пауза го очекува младиот напаѓач.

Фати се повреди во 31 минута по дуелот со Аиса Манди. Тинејџерот остана на теренот до крајот на полувремето, а во паузата на неговото место влезе Лионел Меси.

Барселона објави дека го повредил менискусот во левото колено.

„Доколку не биде неопходна операција тогаш ќе паузира помеѓу три и четири недели. Ако пак операцијата мора да биде извршена тогаш ќе паузира два до три месеци“, соопштиле од лекарската служба на Барселона

Сигурно е дека тој нема да се појави на собирот на шпанската репрезентација за престојните натпревари во Лигата на нации, а ќе го пропушти и дербито со Атлетико Мадрид.

Share
Scroll to Top