Анчелоти за Белингем: Кројф или Зидан? Ме потсетува на еден друг играч

Анчелоти за Белингем: Кројф или Зидан? Ме потсетува на еден друг играч

пред 6 месеци

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти уште еднаш упати голем број комплименти за се она што го покажува оваа сезона Џуд Белингем.

По победата над Наполи во Лигата на шампионите, Реал Мадрид ќе се соочи со Гранада во Ла Лига.

Англискиот фудбалер е вистински хит оваа сезона во Ла Лига, тој е движечката сила на Реал и Анчелоти беше запрашан на кој голем играч Белингам го потсетува.

Иако многумина го споредуваат со Ди Стефано, Јохан Кројф или Зинедин Зидан, Анчелоти смета дека не се работи за ниту еден од нив, туку за играч кој имал можност да го тренира.

„Не сум гледал како игра Ди Стефано. Занм какви беа Кројф и Зидан, а со Белингем сум изненаден како кога првпат го видов Кака како игра. Има нешто од Кака кај него. Не велам дека се исти. , но имаат многу заеднички работи“, смета Анчелоти.

Share
Scroll to Top