Анчелоти: Сер Алекс ми ја нудеше клупата на Манчестер јунајтед

Анчелоти: Сер Алекс ми ја нудеше клупата на Манчестер јунајтед

пред 4 години

Еден од најпознатите светски тренери Карло Анчелоти, открил дека пред неколку години, Сер Алекс Фергусон му понудил да биде менаџер на Манчестер јунајтед. Анчелоти одбил бидејќи во тој период преговарал со Реал Мадрид.

„Се уште имам одлични односи со Сер Алекс. Бевме на некој состанок кога тој реши да стави крај на кариерата. Сакаше да бидам менаџер на Јунајтед, но јас тогаш преговарав со Реал. Голема чест за мене беше тоа што тој разговараше со мене. Подоцна веќе немаше разговори на таа тема“, рекол Анчелоти.

Манчестер јунајтед потоа го ангажираше Дејвид Мојс, а Анчелоти седна на клупата на Реал. Мојс не ја заврши сезоната како менаџер на Јунајтед, додека Анчелоти со Реал ја освои титулата во Лигата на шампионите.

Share
Scroll to Top