Арсенал, во зимскиот преоден рок, сакаат да го позајмат од Реал Мадрид, 28-годишниот фудбалер од редот за врска, Иско. Британските медиуми објавија дека од „Емирејтс“ веќе испратиле понуда во Мадрид.
Иско оваа сезона одиграл само десет натпревар, а само три пати бил во стартниот состав. Шпанците тврдат дека односот помеѓу фудбалерот и тренерот Зинедин Зидан е „компликуван“.
Сериозен интерес за Иско покажува и Севилја.
Иско е во Реал од 2013 година, има договор до јуни 2022 година. За неговиот трансфер од Малага, Реал издвои 30 милиони евра.