Арсенал тонe, а „топчиите“ се со поскапа дефанзивна линија во резервниот тим

Арсенал тонe, а „топчиите“ се со поскапа дефанзивна линија во резервниот тим

пред 3 години

Лондонски Арсенал вчера загуби од Евертон со 2-1 во 14. коло од Премиерлигата и седми меч во низа екипата на Микел Артета не знае за победа. „Топчиите“ се мета на критики затоа што се на 15 место на табела со само 4 бода над зоната за испаѓање и освоени само 2 бода на последните седум натпревари.

Против „карамелите“ поради повреди ги немаше Обамејанг и Парти, а Габриел и Џака се суспендирани.

Се погласни се навивачите на лондонскиот клуб кои бараат смена на Артета од менаџерската позиција. Некои од нив се шегуваат дека У-23 екипата на Арсенал е моментно многу подобра од првиот тим, а Артета на резервната клупа испрати некои од најскапите засилувања во тимот.

Кога ја презема екипата, Шпанецот одбраната ја окарактеризира како главниот проблем, па веднаш доведе тројца стопери. Од Лил стигна Габриел за 26 милиони евра, од Фламенго Пабло Мари за 8 и од Сент Етјен – Вилијам Салиба за високи 30 милиони евра. Одбраната и понатаму е главниот проблем, но Артета не ги користи засилувањата кои скапо ги платија.
Габриел е стандарден, но останатите двајца тешко се пробиваат во првиот тим.

Навивачите забележаа дека У-23 екипата има поскапа задна линија од онаа со која Артета истрча против Евертон на „Гудисон парк“.

За вториот тим во дефанзивната линија се најдоа Салиба, Мари и Чемберс кои според „Трансфермарк“ се поскапи за 8 милиони евра од триото Давид Луис – Роб Холдинг – Киеран Тирни што настапи против Евертон.

Share
Scroll to Top