Артета: За фановите е убаво да завршиме пред Тотенхем

Артета: За фановите е убаво да завршиме пред Тотенхем

пред 3 години

Сезоната за навивачите на Арсенал беше крајно разочарувачка, но менаџерот Микел Артета пред последниот меч од сезоната против Брајтон вели дека ако тоа носи задоволство, би било убаво да се заврши пред лутите ривали од северен Лондон, Тотенхем.

Арсенал се на деветтото место на табелата, но со победа можат да скокнат до седмото место и да излезат во Европа, доколку Тотенхем и Евертон загубат поени. „Топчиите“ немаат завршено пред Тотенхем во последните четири сезони.

„Се што е во наши раце ќе направиме да ги израдуваме нашите навивачи и да бидеме во добра позиција“, вели Артета.

Со седмо место, Арсенал би играл во новата Европа Конференциска лига на УЕФА, односно третото по ранг европско натпреварување. Сепак, ако успеат во тоа, значи дека ќе ја продолжат серијата од 26 сезони со европски пласман.

Share
Scroll to Top