Поразот од Валенсија (4:1) и четвртото место на табелата во Ла Лига покажаа дека работите во Реал Мадрид се далеку од идеални. Играчите, како што тврдат медиумите, виновен за хаосот го означиле асистентот на ЗОнедин Зидан, Давид Бетони.
Бетони има 48 години и веќе неколку години му е помошник на Зидан. Тој е неговиот свиркач што не им се допаѓа на фудбалерите.
„Мундо Депортиво“ и „Марка“, пишуваат дека играчите имаат одлична соработка со Зидан, но дека тоа не е случај со Бетони. Овие тврдат дека играчите сметале, дека за хаосот што се случува во играта на Реал на последните неколку натпревари, виновен е Бетони.
Играчите сметале дека изборот на играчите за натпреварот против Валенсија го направил Бетони, а не Зидан. Тие не се согласувале со одлуката Иско и Марсело да бидат во почетниот состав, а Тони Крос и Ферлан Мендо да бидат резерви.
Зидан и Бетони долго време се пријатели. Заедно играле во Кан, а кога Зизу ја започнувал тренерската кариера го повикал пријателот од младоста да му биде асистент.