Аталанта не го дава местото во ЛШ, Каљари ги поттурна Беневенто кон Серија Б

Аталанта не го дава местото во ЛШ, Каљари ги поттурна Беневенто кон Серија Б

пред 3 години

Аталанта се искачи на второто место во Серија А, откако стигна до важна 5:2 победа над „отпишаната“ Парма, поставувајќи притисок на Јувентус и Милан, кои вечерва играат во големото дерби, додека на другата страна на табелата, Каљари славеше со 3:1 кај Беневенто за да го поттурне тимот на Пипо Инзаги кон втората лига.

Руслан Малиновски ја продолжи голгетерската форма со гол во 12. минута, за Матео Песина, само што влезе во игра во 52. минута да зголеми на 0:2. Луис Муриел во 77. минута зголеми на 0:3, пред Парма веднаш потоа да намали  преку Хуан Брунета. Потоа следуваше лудиот финиш со голови – Муриел во 88. минута зголеми на 4:1, пред Сон намали на 4:2, за Миранчук да ги постави конечните 5:2 по крајот на регуларниот дел од сезоната.

Со победата, Парма има 72 поени на второто место, пред Наполи со 70 и Јувентус и Милан со по 69 поени пред вечерашниот натпревар, кој уште повеќе добива на значење на само три кола пред крајот.

Харалампос Ликојанис и Леонардо Паволети постигнаа голови за Каљари да ги победи Беневенто на гости со 3:1 и да избега на четири поени од опасната зона. Каљари се сега 16. со 35 поени, еден повеќе од Специја, додека Беневенто се на 18. место (кое води во плејоф за опстанок) со 31 поен.

СЕРИЈА А, 35.КОЛО

Беневенто – Каљари 1:3

Парма – Аталанта 2:5

Верона – Торино 1:1

Share
Scroll to Top