Салернитана, клубот кој по првите 18 кола во Серија А имаше освоено само осум поени, а во декември беше пред службено исфрлање од лигата, за малку ќе стигнеше до четврта победа едноподруго, но Марио Пашалиќ спааси поен за Аталанта за 1:1 реми во финишот на мечот
Клубот од Салерно, претходно во својата историја немаше три победи едноподруго во Серија А, а сега под водство на Давиде Никола направија луд камбек во финишот на сезоната, за да ги зголемат шансите за опстанок во лигата, посебно бидејќи имаат натпревар помалку против последнопласираната Венеција.
Бразилецот Едерсон Лоуренсо ги донесе гостите во водство во 27. минута од мечот, пред Пашалиќ во 88. минута по асистенција на Роман Малиновски да спаси поен за Аталанта.
Салернитана уште е во зоната за испаѓање, на 18. место со 26 поени, два помалку од Каљари на 17. место, додека Аталанта полека го ја губи трката за пласман во Европа следната сезона, откако сега е на седмото место со 56 поени, три помалку од Лацио и Рома.