Аталанта ќе се бори за трофејот од Копа Италија против фаворитот Јувентус, откако во реваншот на полуфиналето против Наполи стигнаа до 3:1 победа, бидејќи на првиот меч во Неапол, резултатот беше 0:0.
Клубот од Бергамо имаше фантастичен старт на мечот, откако прво во 10. минута, Дуван Запата постигна прекрасен гол за 1:0, за само шест минути подоцна Матео Песина да зголеми на 2:0. Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас беше повлечен од игра на стартот на второто полувреме, а Наполи успеа да се закани и да намали преку Чаки Лозано во 53. минута од мечот. Меѓутоа, ова не беше доволно и во 78. минута Песина со својот втор гол стави печат на мечот.
Јувентус вчера одигра 0:0, откако прво победи на гости со 2:1 против Интер, со што обезбеди пресметка со Аталанта.