Атлетико во Букурешт го чека Челси, Баерн гостува во Рим

Атлетико во Букурешт го чека Челси, Баерн гостува во Рим

пред 4 години

Два натпревари, во рамките на осмина-финалето, во Лигата на шампионите, на програмата се вечерва. Атлетико во Букурешт ќе го „пречека“ Челси, а европскиот првак Баерн ќе гостува кај Лацио.

Атлетико, се уште се лидери во Ла Лига, иако не играат добро на последните неколку натпревари. Коронавирусот, од кој на почетокот на месецот беа заразени петмина играчи го зеде данокот. „Јорганџиите“ не делуваат така моќно, како то тоа беше случај до пред еден месец. Најголем проблем, Диего Симеоне има со одбраната, која почна да прима, за стандардите на Атлетико, премногу голови. На последните седум натпревари, Атлетико примија осум голови.

За дуелот со Челси, неизвесен е настапот на Јаник караско, кој поради повреда не играше во саботата против Леванте. Исто така ќе отсутвува и Киран Трипие, поради суспензија. Ова е последниот натпревар што ќе го прошушти англискоот репрезентативец.

Челси, од друга страна нема да можат да се потрпрат на услугите на Тијаго СИлва, додека Каи Хаверц и Кристијан Пулишиќ им се приклучија на соиграчите.

„Сините“, по смената на тренерот, ја кренаа формата, иако во минатото коло одиграа 1:1 кај Саутемптон.

Овие тимови играа во полу-финалето, во Лигата на шампионите во 2014 година, кога Атлетико со вкупни 3.1 избори пласман во финалето. Играа и во фазата по групи, во сезоната 2017/2018, еден меч заврши без победник, а еден заврши со победа на Челси 2:1.

На „Олимпико“, во Рим, ќе гостува актуелниот европски и светски првак, Баерн. Баварците на овој дуел ќе бидат без Томас Милер, Серж Гнабри, Бенжаман Павар, Корентан Толисо и Даглас Коста.

Баварците се уште не ја достигнале оптималната форма, на последните два натпреври во Бундес лигата немаат победа, но и покрај тоа имаат комотна предност на челната позиција.

Лацио се аутсајдери во овој дуел, но од Рим најавуваат дека доколку им се укажа и најмала шанса нема да ја пропуштат.

Дуелите во Рим и Букурешт ќе започнат во 21 часот.

Share
Scroll to Top