Атлетик ја прекина лошата низа со Уеска

Атлетик ја прекина лошата низа со Уеска

пред 4 години

Атлетик Билбао ја прекина низата од четири меча без победа, триумфирајќи во финишот со 2:0 над новиот прволигаш Уеска.

Атлетик во последните пет натпревари загуби двапати (од Селта Виго и Реал Мадрид), и се мачеше против Уеска до финишот на мечот, кога во 86. минута беше досуден пенал, а Кенан Кодро беше сигурен од белата точка. Унаи Нуњез во 92. минута ја потврди победата со втор гол.

Атлетико скокна на 17. место на табелата со 17 поени, додека Уеска останува на последното место со 11 поени.

Share
Scroll to Top