Михајловиќ ќе ја напушти Болоња

Михајловиќ ќе ја напушти Болоња

пред 3 години

Синиша Михајловиќ, по завршувањето на сезоната, би можел да ја напушти клупата на Болоња, објавија италијанските медиуми. Според овие извори, Михајловиќ, во последно време не се согласува најдобро со клупските челници.

Михајловиќ има договор со Болоња до 2023 година, меѓутоа не е задоволен како напредува клубот, бидејќи во летниот и зимскиот преоден рок, челниците не ги исполниле неговите желби.

Поради тоа, тој не можел да состави тим со кој би се борел за пласман во европските купови.

Болоња се наоѓа на 12 место на табелата во Серија А.

Медиумите веќе му најдоа нов ангажман. Според нив, Михајловиќ ќе се врати во Сампдорија, клуб во кој каде доживеа афирмација во Италија.

Михајловиќ во кариерата вече бил тренер на Самдорија. На кормилото на екипата од Џенова во моментов се наоѓа Клаудио Раниери, но се очекува тој да замине, што ќе му го отвори патот на Михајловиќ за враќање во Сампдорија.

Share
Scroll to Top