„Аѕурите“ ја поминаа и Белгија, во полуфиналето на опасните Шпанци

„Аѕурите“ ја поминаа и Белгија, во полуфиналето на опасните Шпанци

пред 3 години

Во првото големо полуфинале на ЕУРО 2020 ќе се судрат два европски фудбалски гиганти, Италија и Шпанија, откако тимот на Роберто Манчини ја исполни улогата на фаворит на турнирот, откако во интересен, интензивен и напорен меч со 2:1 ја совладаа Белгија.

Против тимот кој многумина го сметаа за еден од најдобрите европски тимови во историјата, Италијанците играа храбро во првото полувреме, и тактички во второто за да стигнат до импресивна победа, за да се на два триумфи од европската титула. За Белгија, полна со ѕвезди како Кевин де Брујне и Ромелу Лукаку.

Италијанците прво сметаа дека имаат водство уште во 13. минута, кога по едно нафрлање, Леонардо Бонучи го совлада Тибо Куртоа, но по прегледувањето на ВАР-снимките беше утврдено дека е офсајд. Израмнетиот меч се „отвори“ во 31. минута, кога Николо Барела доби одлична топка во шестнаесетникот од Марко Верати, за убаво да ја помине белгиската одбрана и да постигне прекрасен гол за водство.

Во 44. минута, сол на белгиската рана, постави и Лоренцо Инсиње со неверојатен втор гол од далечина. Сепак, надеж за Белгијците да направат камбек во второто полувреме донесе Ромелу Лукаку, кој во 47. минута од полувремето беше прецизен од белата точка за 2:1.

Во второто полувреме, Белгијците, нормално тргнаа во напад, и Лукаку веднаш имаше фантастична шанса, но Спинацола спаси сигурен гол. И покрај оваа иницијатива, Белгија не успеа да стигне до голот, а Манчини реши да воведе дефанзивни фудбалери, во стандардната италијанска традиција на „катеначо“ во финишот на мечот.

Графика: Sofascore за Топспорт.мк

Share
Scroll to Top