Бундеслигашот Ајнтрахт Франкфурт одигра трето реми во четвртото сезонско коло. Попладнево одиграа 1-1 со екипата на Штутгарт.
Стрелец на водечкиот гол за „орлите“ беше српскиот интерационалец Филип Костиќ во 79 минута.
Гостите од Штутгарт во 82 минута останаа и со играч помалку на натпреварот, но тоа не ги спречи преку Мармуш во 89 минута да стигнат до 1-1.
Ајнтрахт сега е 14. на табелата со само 3 поени, без победа во првенството, додека Штутгарт собра 4 бода, доволни за 10-та позиција.