Ањели и Јуве се дистанцираат од Роналдо за прекршувањето на правилата

Ањели и Јуве се дистанцираат од Роналдо за прекршувањето на правилата

пред 4 години

Првиот човек на Јувентус, Андреа Ањели целосно се дистанцираше околу наводниот скандал со прекршувањето на правилата на Кристијано Роналдо, кој продолжи да се расправа со италијанскиот министер за спорт, Винченцо Спадафора.

Се верува дека Роналдо го прекршил „меурот“, односно добротворната изолација со Јувентус, кога реши да замине за настапи со португалската репрезентација, каде што по мечот со Франција беше позитивен на КОВИД-19. Роналдо веднаш се врати во Торино и повторно беше обвинет за ново прекршување на правилата со враќањето во Италија.

Спадафора денеска јавно го повика Роналдо да ја преземе одговорноста и да намали со својата арогантност, но Ањели, веднаш се дистанцираше лично и Јувентус.

„Кога фудбалерот ќе замине од тренинг-центарот, тогаш станува слободен човек. Ако вози 150 км/ч и биде фатен, јас нема да бидам тој што ќе ви каже што се случило“, вели Ањели.

Самиот Спадафора потврди дека Јувентус ги почитувале сите протоколи за заштита од корона вирусот и дека клубот не е вклучен во целата истрага.

„Јувентус го применуваат федералниот протокол. Јас сум спортски менаџер и не знам кој прекршил закон. Ние влеговме во ‘меурот’ во саботата и излеговме од изолација без натпреварување. Им кажав на фудбалерите кои сакаа дома дека треба да се во самоизолација. Кога ќе заминат од тука, тие се слободни граѓани“, додава Ањели.

Италијанскиот министер кон Роналдо: Престани со ароганцијата!

Share
Scroll to Top