Бадр Хари се врати во рингот – заврши со нокаут во третата рунда

Бадр Хари се врати во рингот – заврши со нокаут во третата рунда

пред 3 години

Легендарниот марокански борец, Бадр Хари влезе во рингот по пауза од една година по тешката повреда. Синоќа во Ротердам се бореше против романскиот сопарник, Бенџамин Адебуи на манифестацијата „Glory 76“.

Хари жестоко започна, паѓаа тешки удари на двете страни.

Во втората рунда се нижеа удари и тргна офанзива на Мароканецот. Пред крај на рундата го испрати Романецот на подот, но тој успеа да се подигне на десетина секунди пред крајот на периодот.

Во третата рунда пресврт. На почетокот Адебуи го погоди силно Хари, судијата му броеше на Мароканецот. Сепак, тој се исправи, но за кратко потоа следуваше нокаут.

Адебуи ја оствари победата на кариерата, а коментарите по мечот одат во насока дека ѕвездената кариера на Мароканецот е завршена.

Share
Scroll to Top