Баерн Минхен немаше милост за петтолигашот Бремер во меч од ДФБ купот, победувајќи ги аматерите со 0:12 на гости предводени од четирите гола на Ерик Чупо-Мотинг, и двата гола на младиот талент Џамал Мусијала.
Чупо-Мотинг го комплетираше својот хет-трик во првите 35 минути игра во Бремен и имаше асистенција до Мусијала, за по првото полувреме да биде 0:5. Тимот на Јулијан Нагелсман не попушти ниту во второто полувреме, во кое додадоа уште пет гола.
ГОЛОВИ: Чупо-Мотинг 8′, Мусијала 16′, Варм (аг) 27′, Чупо-Мотинг 28′, Чупо -Мотинг 35′, Тилман 47′, Мусијала 48′, Сане 65′, Кузанс 80′, Чупо-Мотинг 82′, Сар 86′, Толисо 88′.