Баерн го контактирале Арсен Венгер

Баерн го контактирале Арсен Венгер

пред 8 месеци

Баерн се уште е во потрага по нов тренер кој ќе го замени Томас Тухел на крајот од сезоната. Многу имиња „циркулираа“ низ клубот од Минхен, кандидати беа и Чаби Алонсо, Јулијан Нагелсман и Зинедин Зидан, но конкурсот се уште е отворен.

Германските медиуми открија дека клупата на Баерн му била понудена и на легендарниот Арсен Венгер, поранешниот менаџер на Арсенал.

„Долго време не сум во фокусот и мислам дека во овој момент то а не ми е потребно. Јас сум во пензија. Им се заблагодарив на челниците на клубот од Минхен кои се сетија на мене, но мислам дека е време да најдат помлад тренер, кој ќе ја врати старата слава“, откри легендарниот француски тренер.

Поранешниот менаџер на Арсенал вели дека најдобро решение за Баерн би било доколку го ангажираат Зинедин Зидан, кој со Реал покажа дека е роден да освојува трофеи.

„Голем број на клубови ќе бараат тренери во овој преоден рок. Ќе им биде тешко на моите колеги да решат каде ќе одат. Мислам дека најдобро решение за Баерн би бил Зинедин Зидан, но прашање е дали тој сака да работи во Германија, бидејќи мислам дека проблем би бил што тој не зборува германски“, изјави Арсен Венгер.

Share
Scroll to Top