Баерн Минхен се премислуваат за Забицер

Баерн Минхен се премислуваат за Забицер

пред 3 години

Баерн Минхен имаат вербален договор со ѕвездата на РБ Лајпциг, Марсел Забицер, но уште не одлучиле дали ќе поднесат понуда за австрискиот репрезентативец, тврди германскиот „Спокс“.

Забицер ја одработува последната сезона од договорот со Лајпциг и би сакал да има трансфер во Баерн, откако неговиот агент се сретнал со спортскиот директор на Баварците, Хасан Салихамиџиќ, но Баерн не се сигурни дали да ја платат цената од 15 милиони евра на клубот на Ред бул.

Бидејќи веќе ги имаат во тимот Корентин Толисо и Мишел Кузанс, во клубот не се сигурни дали им е потребен уште еден играч од средината на теренот. Сепак, доколку 22-годишниот Кузанс биде пратен на позајмица, тогаш трансферот на Забицер е пореален.

Во Лајпциг пак, сметаат дека „отпадникот“ од Барселона, Илаиш Мориба би бил совршена замена за Забицер. Тој има ист агент како Забицер и уште нема договорено да остане во Каталонија поради несогласувања околу висината на платата.

Share
Scroll to Top