Баерн не биле заинтересирани за Дибала

Баерн не биле заинтересирани за Дибала

пред 3 години

Иднината на Паоло Дибала во Јувентус е неизвесна. Аргентинецот игра во лоша форма, а згора на тоа нема напредок во преговорите со клубот околу новиот договор.

Медиумите Дибала го поврзуваат со неколку врвни клубови, меѓу кои е и европскиот првак Баерн Минхен. Сепак, шпекулациите дека Баерн се заинтересирани за Дибала, ги демантирал извршниот директор на Баерн, Карл-Хајнц Румениге.

„Дибала? Познати ни се овие шпекулации, но ве уверувам дека тоа не е вистина. Никогаш не сме имале сериозен контакт со неговиот менаџер“, рекол извршниот директор на Баерн.

Во врска со Даглас Коста, кој оваа сезона како позајмен играч од Јувентус го носи дресот на Баерн, Румениге рекол:

„Се уште ништо не сме решиле, рано е за таква одлука. До сега сме задоволни од неговите игри. Далгас е вешт дриблер, тоа е она што ни треба“.

Share
Scroll to Top