Балотели тренира со четвртолигаш, чека понуди

Балотели тренира со четвртолигаш, чека понуди

пред 4 години

Марио Балотели и покрај тоа што нема валиден договор со ниту еден клуб, продолжува да тренира со четвртолигашот Франчакорта во надеж да најде нов ангажман, тврди весникот „Кориере дела сера“.

30-годишниот поранешен фудбалер на Манчестер сити и Ливерпул, е без работа откако тимот од неговиот роден град Бреша се раздели со него во јули, кога беше јасно дека тимот ќе испадне во втората лига. Тој беше во конфликт со претседателот на Бреша, Масимо Челино поради слабото залагање и сега е слобоен агент.

Изборот на Франчакорта, третопласираниот тим во Серија Д Џироне Б полупрофесионалната лига, паднал бидејќи тој е пријател со дел од газдите на клубот, а тој се наоѓа во близина на Бреша.

Share
Scroll to Top