Бало Туре во Милан

Бало Туре во Милан

пред 3 години

Милан заедно со ПСЖ се најактивни на трансфер пазарот. Од почетокот на неделата, во Милано пристигна Оливие Жиру, а клубот од Реал го откупи договорот на Браихм Дијаз. Денес, Милан, треба да го официјализира и трансферот на левиот бек Бало Туре.

Бало Туре (24), во Милан ќе пристигне од Монако за четири милиони евра. Планот на тренерот, Стефано Пиоли е тој да биде алтернатива за Тео Ернандез.

Сенегалецот, зад себе има две добри сезони во Монако. Кариерата ја започна во ПСЖ, потоа се пресели во Лил, а во Монако играше од 2019 година.

Милан, претходно го донесоа голманот на Лил, Мик Мањан, а клубот ги откуши договорите на Фикајо Томори од Челси и Сандро Тонали од Бреша.

Share
Scroll to Top