Бараж за ПМФЛ: Ренова-Охрид, Силекс-Тиквеш

Бараж за ПМФЛ: Ренова-Охрид, Силекс-Тиквеш

пред 3 години

Ренова – Охрид и Силекс – Тиквеш се бараж натпреварите за Прва МФЛ кои ќе се одиграат на Националната арена „Тодор Проески“, односно на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје. Двојките и местата на одигрување беа одредени на денешната ждрепка во прес центарот на Националната арена.

Ренова и Охрид својот меч ќе го одиграа на стадионот во комплексот „Куќа на фудбалот“, додека Тиквеш и Силекс ќе се соочат на Националната арена „Тодор Проески“. Натпреварите се играат во 25. мај (вторник) од 16:00 часот. Се игра еден натпревар, доколку во регуларните 90. минути нема победник, веднаш ќе решава пенал серијата.

Од Првата лига испаднаа Вардар и Беласица, на нивните места во лигата влегоа Скопје и Брегалница.

Share
Scroll to Top