Легендата на Милан, Франко Барези посочи дека „росонерите“ не смеат да ја заборават својата историја во Лигата на шампионите, откако им се падна супер-тешка група со Атлетико Мадрид, Порто и Ливерпул.
„Диаволо“ се враќаат во престижното европско натпреварување по осум години и Барези признава дека од четвртиот шешир не можеле да се надеваат на лесна група, бидејќи им се паднаа шампионите од Ла лига, шампионите од ЛШ од 2018/19 и четврт-финалистите од минатата сезона.
„Беше јасно дека ни е потребна многу среќа да имаме поедноставна група. Групата е многу тешка, но Милан никогаш не смее да ја заборави својата историја. Се вративме во Лигата на шампионите и ќе играме со голем ентузијазам и задоволство. Атлетико никогаш не се лесни, Порто се тежок противник, додека Ливерпул имаат многу квалитетен тим. За многу момци во тимот ова е прв настап во Лигата на шампионите, но покажавме дека играме активен фудбал и треба да продолжиме“, вели Барези.