Барикело: Хамилтон е подобар од Шумахер

Барикело: Хамилтон е подобар од Шумахер

пред 3 години

Иако се израмнети на седум светски титули, Рубенс Барикело смета дека Луис Хамилтон е подобар возач од неговиот поранешен колега од Ферари, Михаел Шумахер.

Хамилтон оваа сезона стигна до својата седма титула, а исто така го подобри и рекордот на Шумахер од 91 победа, со што почнаа споредбите на двајцата великани на Формула 1 и Барикело, кој долго време беше „помошник“ на Шумахер во Ферари, а имаше шанса да се трка и пет години со Хамилтон вели дека оценката е лесна.

„Дали Хамилтон е подобар од Шумахер? Да, секако. Се натпреварував со двајцата, но имав шанса да се тркам со Хамилтон само на почетокот на неговата кариера, но мислам дека е така. Бројките сами зборуваат“, објаснува Барикело.

Тој исто така зборуваше за враќањето на Фернандо Алонсо во Ф1 и стравувањата дека ќе му се повтори ситуацијата на Шумахер. Германецот се откажа од Ф1 на крајот на 2006, последната сезона со Ферари, но се врати во 2010 со Мерцедес, и во две сезони оствари само еден подиум. Барикело верува дека Алонсо е подобро подготвен.

„Алонсо даде интервју во кое кажа директно и одговори дека тој е подобар од Шумахер. Мислам дека е подобро подготвен, бидејќи возеше во различни серии додека беше во пензија. Ќе видиме дали ќе се врати на истото ниво“, вели Барикело.

Share
Scroll to Top