Баркола: Салах овде е легенда, јас се обидувам да создадам своја историја

Баркола: Салах овде е легенда, јас се обидувам да создадам своја историја

пред 3 часа

Бредли Баркола е најскапата инвестиција на Ливерпул оваа сезона. Од францукиот репрезентативец се очекува многу, а овие очекувања често се оптоварувачки.

Тој дојде од Пари Сен Жермен на Енфилд за 140 милиони евра. Кога некој е платен толку многу, се очекува веднаш да направи разлика на теренот.

„Јас не ја одредувам цената на обештетувањето. Значи тоа не е мој проблем – рече Баркола во големо интервју за „Скај Спортс“.

На последните неколку нтпревари, Баркола го покажа потенцијалот. Хет-трик против ЛАСК во Лигата на шампионите, асистенции против Брентфорд и Брајтон. Но, самиот е свесен дека може многу подобро.

„Сè уште не сум во пикот на формата. Сè уште не сте ја виделе мојата најдобра верзија. Сè уште се навикнувам на моите соиграчи, кои можат да ме направат уште подобар.

Неговото доаѓање се совпадна со заминувањето на легендарниот Мохамед Салах, па споредбите се едноставно неизбежни.

„Мо Салах е легенда овде. Направил големи работи и имам огромно почитување кон него. Но, не чувствувам притисок. Јас не сум Мохамед Салах, па ќе се обидам да придонесам на свој начин, да создадам своја историја“.

Баркола го напушти Париз, како двократен европски клупски првак.

„Решив дека е вистинското време да си заминам. Поминав прекрасни години таму, освоив многу трофеи, но беше време да се збогувам. И кога клуб како Ливерпул ќе ве повика, тоа е голема работа. Немав ни најмало двоумење да дојдам тука. Многу сум среќен“.

Foto/ Depositphotos

Share
Scroll to Top