Барнли, првпат од стартот на сезоната, излезе од зоната за испаѓање во Премиер лигата, откако дома стигна до импресивна 2:1 победа над Вулверхемптон.
Тимот на Шон Дајч ја забележа третата победа оваа сезона, откако постигнаа два гола од близина, за потоа во драматичен финиш да ги заддржи трите поени. Ешли Барнс го постигна својот прв гол по повеќе од една година во 35. минута, пред во 51. Крис Вуд да го удвои водството на Барнли.
„Волците“ успеаја да вратат еден гол во 89. минута со удар од белата точка на Фабио Силва, но немаа време за нешто повеќе. Барнли се на 16. место на табелата со 13 поени, три над зоната за испаѓање, додека Вулверхемптон, кои имаат три порази во последните четири меча, сега се на 11. место со 20 поени.