Поранешниот фудбалер на Арсенал и Барселона, Камерунецот Алекс Сонг ја шокираше фудбалската јавност со одлуката кариерата да ја продолжи во Џибути. Сонг своевремено на „Ноу Камп“ стигна како големо засилување за Каталонците сега потпиша двегодишен договор со тамошниот клуб, АС Арта Солар.
„Ова е можност за мене да го промовирам локалниот фудбал“ вели 33-годишниот Сонг кој во мај годинава доби отказ од швајцарски Сион.
Тој неодамна во интервју кажа дека во Барселона стигнал само поради пари.
„Кога ме контактираше Барселона и кога видов колку ќе заработувам, не размислував двапати. Знаев дека мојата сопруга и децата ќе имаат конфорен живот. Го сретнав спортскиот директор на Барселона и тој ми рече дека нема да играм на многу натпревари“ рече Сонг кој во дресот на Барса одигра 65 меча и постигна 1 гол, надополнет со 2 асистенции.
Потоа кариерата ја продолжи во Вест Хем, а за селекцијата на Камерун одигра 49 меча.