Барселона го назначи Карлос Тускетс за в.д претседател. Тускет на оваа функција ќе биде во наредните месеци. На почетокот на наредната година треба да се одржат изборите кога клубот ќе добие ново раководство. Барселона вчера остана без претседател откако Џозеп Марија Бартомеу поднесе оставка.
Тускетс е основач на банката ФИБАНК, која сега го носи името Банко Медионалум. Тој е сопственик на вкупно 56 компании.
Долго време се шпекулираше дека тој ќе се кандидира за изборите, но досега нема поднесено кандидатура.
Познат е како голем критичар на работата на претходниот претседател и неговите соработници.