Барса под критики – каков клуб праќа 17-годишник да се правда по пораз?

пред 4 години

Шпанските медиуми ја нападнаа Барселона за бизарната одлука да го пратат 17-годишниот Педри да зборува со медиумите по поразот од Атлетико Мадрид (1:0) за да го имаат најлошиот старт на сезоната од далечната 1992 година. Барселона сега заостанува девет поени зад Атлетико Мадрид на врвот на табелата, и навивачите беа бесни на слабата партија, но и на одлуката да го пратат тинејџерот да ги комплетира медиумските обврски, иако тој дебитираше во првиот тим во септември. „Не бевме успешни пред голот, како што се случува во последните натпревари. Мораме да бидеме подобри. Ла лига има долга сезона и ова не е ништо, мораме да гледаме напред“, изјави Педри. Ова не е првпат да се случува ваков преседан – по поразот во „Ел класико“ од Реал Мадрид, пред медиумите не се појави ниту тренерот Роналд Куман, ниту капитенот Лео Меси, туку Сержињо Дест, новото американско засилување на тимот, кој има минимално познавање на шпанскиот јазик. Messi, Pique and Barcelona’s other captains sent a non Spanish speaking debutante Dest out to face the press after their Clasico loss instead of acting like leaders and today they sent out their new 17-year old youngster Pedri in his first game vs Atletico after this loss. pic.twitter.com/IxGQUwsomv — M•A•J (@Ultra_Suristic) November 21, 2020

Share
Scroll to Top