Батистута го молел докторот да му ги ампутира нозете

Батистута го молел докторот да му ги ампутира нозете

пред 3 години

Аргентинскиот фудбалски виртуоз, Габриел Омар Батитута денеска го слави својот 52. роденден.

Поради харизматичниот „гаучос“ многу деца несомнено го засакаа фудбалот, и аргентинскиот, но и италијанскиот.

Батистута поникна од Њуелс одл бојс, потоа играше за ривалските Ривер Плејт и Бока јуниорс, а во 1991 година се пресели во Фиорентина каде стекна статус на легенда.

За 9 сезони во виолетовиот дрес постигна 207 гола на 333 меча, а потоа играше уште за Рома, Интер и Ал-Араби.
Рано ја заврши кариерата поради проблемите со нозете, имал голем притисок на вените и артериите, поради што имал потешкотии и при одење. Болката била пресилна, а таквиот живот – ужасен.

„Штом ја завршив кариерата имав проблеми со вените, со коските, ме болеше. Истиот проблем кој Ван Бастен го имаше со 28 години. Имаше денови кога не можев да станам од кревет, плачев од бес. Моето семејство ме бодреше, но патев, бев многу болен“ изјавил популарниот „Бати-гол“ за италијански „Кориере дела Сера“.

„Беше толку лошо што повикав пријател – лекар и го молев да ми ги ампутира нозете. Го молев, го преколнував, инсистирав, му велев дека тоа веќе не е живот. Моите коски на стапалата секогаш беа слаби, кршливи, дисторзиите ме упропастија, никогаш не можев да дадам 100%. Постојано пиев лекови против болка“ – раскажува екс-фудбалерот.
Батистута беше подложен на повеќе операции, ситуацијата не се подобрувала.

Потоа, во 2019 година во Базел (Швајцарија) бил повторно опериран, и сега вели дека се чувствува многу подобро за разлика од претходно.

„Тоа е решението кое го барам веќе 6-7 години“ објасни тој.

Share
Scroll to Top