Батшуаи ги инспирираше Бешикташ за неверојатна камбек победа

Батшуаи ги инспирираше Бешикташ за неверојатна камбек победа

пред 3 години

Мичи Батшуаи постигна еден гол и асистираше на уште еден за да помогне Бешикташ да стигне до импресивна камбек 2:3 победа на гостувањето кај Анталијаспор.

Домаќините во финишот на првото полувреме постигнаа два гола, преку Рајт (42.) и Сари (46.) за убедлива предност. Само што почна второто полувреме, во 49. минута, Јилмаз намали на 1:2, за во 65. минута по катастрофалната грешка на одбраната на Анталија, Батшуаи да ја стресе мрежата. Белгиецот потоа во 76. минута му асистираше на Гезал, кој постигна одличен гол од далечина.

Бешикташ се лидери на Турската Суперлига по пет кола со 13 поени, колку што имаат и Трабзонспор.

Share
Scroll to Top