Славната американска гимнастичарка, Симон Бајлс, заедно со неколку колешки од репрезентацијата, минатата недела сведочеше пред Сенатот за годините во кои сексуално биле злоставувани од некогашниот доктор на репрезентацијата, Лери Насар.
„Не сакам никогаш повеќе некоја гимнастичарка да помине низ ужасот, низ кои поминавме ние“, рекла во текот на сведочењето 24-годишната Бајлс.
Поради бројните тужби, Гимнастичарскиот сојуз на САД се наоѓа пред банкрот. Организацијата, минатиот месец, се обврза жртвите на злоставувањата на докторот Насар, да ги обесштети со 425 милиони долари.
Бајлс рекла дека не и е жал што оваа организација практично повеќе нема да може да функционира.
„Сакам да бидам јасна, го обвинувам Насар, но го обвинувам и целиот систем кој му овозможи да го прави тоа. Лузните од тие ужаси и понатаму стојат“, ги пренесеува зборовите на Бајлс, „Јаху“.
Симон Бајлс е една од најтрофејните гимнастичарки во историјата. Во кариерата на светските првенства и олимписките игри освоила вкупно 32 медали.
‘We have been failed and we deserve answers’ — Watch Simone Biles’ full testimony before a Senate panel on Wednesday where she said ‘enough is enough’ pic.twitter.com/MYVKKVL4K1
— NowThis (@nowthisnews) September 16, 2021