Баџо: Штета што не заиграв под Гвардиола

Баџо: Штета што не заиграв под Гвардиола

пред 3 години

Италијанската фудбалска легенда, Роберто Баџо открива дека би сакал да заигра во тим кој го предводи Пеп Гвардиола, и вели дека никогаш не страдал за славата, туку дека најважен резултат е „освојувањето на срцата на навивачите“.

Баџо беше соиграч со Гвардиола во Бреша шест месеци во 2003 година, пред да се пензионира во текот на летото 2004 година, и сега во интервју за магазинот „Венити фер“ вели дека би сакал да работи со менаџерот на Манчестер сити, иако никогаш немал репутација на некој кој се согласува со своите тренери.

„За мене, фудбалот секогаш бил и ќе биде за фудбалерите. Најдобрите тренери се тие кои го препознаваат тоа и ги третираат фудбалерите со искреност, што знаат да зборуваат со нив и да го заддржат меѓусебниот респект. Би сакал да работам со таков тренер. Мислам дека од сегашните, би уживал да работам со Гвардиола. За мене тој е најдобриот денеска“, вели Баџо.

Иако во 1993 година тој ја освои „Златната топка“, а освои и два трофеи од Серија А, Баџо секогаш ќе остане запаметен по утнатиот пенал против Бразил во финалето на СП во 1994.

„Мислам дека најголемиот резултат на еден спортист е да има место во срцата на навивачите. Да претставува позитивни вредности, да носи радост. Тоа е поважно од резултат или титула“, додава Баџо.

Share
Scroll to Top