Без вистински голман, со само 11 играчи, Ривер Плата славеше победа над Санта Фе

Без вистински голман, со само 11 играчи, Ривер Плата славеше победа над Санта Фе

пред 4 години

Без вистински голман, со само 11 фудбалери, Ривер Плата забележа победа над Санта Фе од 2:1, во петтото коло во Д-групата, во Копа Либертадорес. По овој триумф, Ривер Плата се лидери во групата со девет поени, осум има Флуминенсе, шест Хуниор, а два Санта Фе.

Коронавирусот предизвика хаос во редовите на Ривер Плата. Во клубот 22 играчи се заразени, меѓутоа не успеаја да издејствуваат дуелот со Санта Фе да биде одложен.

Аргентинскиот тим настапи без голман и без резерви. Бидејќи сите голмани се позитивни, меѓу стативите застана поранешниот фудбалер на Бенфика и Валенсија, репрезентативецот на Аргентина, Енцо Перез.

Перз одлично си ја заврши работата, одбрани четири од петте удари кои противниците ги упатија кон неговиот гол.

Инаку, Ривер Плата, фуриозно го отворија натпреварот и по шест минути игра стекнаа предност од два гола. Стрелци беа Ангилери во третата и Алварез во шестата минута. Голот за Санта Фе го постигна Осорио во 73.минута.



Share
Scroll to Top