Без линиски судии на Австралија опен

Без линиски судии на Австралија опен

пред 3 години

Првиот гренд слем во сезоната, Австралија опен, ќе се игра без линиски судии. Поради коронавирусот, организаторот, речиси секојдневно носи нови одлуки. Вчера, го сменија хотелот во кој учесниците ќе треба да го минат 14-дневниот карантин, а денес објавија дека за поголема безбедност, нема да има линиски судии.

Работата на линиските судии ќе ја има „хок-ај“ системот. Минатата година без линиски судии се играше мастерсот Синсинати, а на на Ју-Ес опен, линиските судии беа присутни само на трите најголеми терени.

Тенисерите и тенисерките, генерално беа задоволни, како функционираше системот.

Share
Scroll to Top